loading...

Визија на Гарет за Македонија во 2027: Шеќеринска ја гледа како премиерка?

Извонредниот напредок кој Македонија го направи во последните 10 години се должи на посветеноста и обврските кои беа направени од владата која беше оформена по изборите во 2016-та година, и која тогаш го започна својот визионерски план „Македонија: Стратегија за сите наши граѓани“, вака британскиот амбасадор Чарлс Гарет во блог пост ја опишува иднината на Македонија и промените низ кои таа евентуално би поминала во следните десет години.

 

loading...

„Тој потег го предизвика она што потоа низ Балканот беше познато како „Декадата на Македонија“. Низ тие десет години, македонските влади напорно реабота за да ја постигнат целите на Националната стратегија. Како резултат на тоа, земјата ги виде придобивките, извонредното лидерство успеа да биде пример во регионот и да направи значаен придонес за евроатланските интеграции. Регионот повеќе не е барател на безбедност, туку тој е значајен придонесувач за колективната безбедност на Европа“, пишува британскиот амбасадор.

 

„Секако, договорот за името со Атина во 2020-та година беше основата за многу од она што е постигнато. Не беше лесно да се дојде до договор, и за постигнувањето на договорот беше неопходна голема политичка храброст и кај двете страни. Шест години потоа пак, на договорот универзално се гледа како на добро нешто, не само поради тоа што ги отвори вратите за пристапувањето во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ, туку и поради реформтие кои беа потоа спроведени. Додека овој договор ја отвори вратата, посветеноста на владата за имплементацијата на реформите беше тоа што го забрза евроатланскиот процес. Значајно за ова беше и зголемената доверба на македонскиот народ во правосудниот систем“, додава Герет во својот блог пост.

 

„Економскиот развој на Македонија беше она што ги натера луѓето низ Европа да го препознаат тоа што се случува во земјата. Земјата веќе долго време е регионално компетитивна, и на старт ап сцените во Скопје, Тетово, Битола и Штип целиот Балкан завидува. Тие служат како корисни инкубатори за идеи и креативност. Обезбедија раст за регионалните економии, особено помеѓу младите луѓе“, продолжува британскиот амбасадор, опишувајќи ја својата визија за Македонија во следните десет години.

 

„Македонската премиерка ми посочи дека е горда на она што Македонија го постигна во последната декада и како сето постигнување беше направено преку употребата на разлноликоста на луѓето кои живеат во Македонија. Низ историјата на Македонија никогаш не и било лесно, но „Декадата на Македонија“ беше декада на успех, и тој успех се рефлектираше преку организирањето на Младинските олимписки игри, натпреварување кое од страна на Меѓународниот олимписки комитет беше пофалено како поставување на нов стандард“, заклучува британскиот амбасадор во својот блог пост.

 

извор: Макфакс

loading...
loading...
Close
WpCoderX