loading...

Србија попушти! Од утре нема БЈРМ на патарините во северниот сосед

Македонија веќе цел месец фигурира со ознаката БЈРМ на сметките од патарините во Србија, соопштија за „Мета“ од српското јавно претпријатие „Путеви Србије“.

„Во однос на Вашето прашање, поврзано со натписот на признаницата за наплата на патарина на делница од автопатот кај Прешево, Ве известуваме дека системот за наплата на патарините на наведената делница е пуштен во употреба пред еден месец и сè уште е во фаза на тестирање. За Ваша информација, од утре, 21 јануари 2017 година, на признаницата ќе стои релација Левосоје – Прешево“, соопштија од „Путеви Србије“.

loading...

„Oваа недоследност треба веднаш да биде коригирана. Веруваме дека ваквата провокација која ги навредува чувствата на македонските граѓани не е одраз на добрососедство. Несоодветно и срамно е да се именуваме на навредлив начин како соседи“, соопштија денеска од македонското МНР и додадоа дека користењето на референцата и на кратенката од референцата наместо уставното име на Република Македонија e во спротивност со воспоставените дипломатски односи меѓу Македонија и Србија.

loading...
loading...
Close
WpCoderX