loading...

ЛУДНИЦА: СЕМЕЈСТВО ВО ТЕТОВО ЧУВА ВОЛЦИ КАКО ДОМАШНИ МИЛЕНИЧИЊА

Во топлата соба Теодора, Петар и Васе си ги пишуваат домашните работи и се подготвуваат за училиште. Со нив, легната на креветот е и Тара, нивното домашно милениче. Но Тара не е вобичаено домашно милениче. Таа е волчица стара осум месеци. Тара станува од креветот и оди прво кај Васе и бара тој да ѝ обрне внимание. На Петар му ги стави предните шепи на неговите рамења, па отрча кај Теодора бидејќи знее дека таа ќе ѝ го даде топчето со кое многу сака да игра. И вака е секој ден во изминативе неколку месеци во семејството Зафировски во Брвеница. Волчицата Тара е љубимец не само на децата туку и на татко им Гоце.

„Тара е дел од нашето семејство. Уште од првиот ден кога ја донесов сите ја засакавме. Знам дека е невообичаено волчица да биде домашно милениче, но Тара е толку умна и питома што не би ја менувале за ништо друго“, ни вели Гоце Зафировски кој работи во Македонски шуми, а воедно е и страсен ловец.

loading...
„Тара е дел од нашето семејство. Уште од првиот ден кога ја донесов сите ја засакавме. Знам дека е невообичаено волчица да биде домашно милениче, но Тара е толку умна и питома што не би ја менувале за ништо друго“, ни вели Гоце Зафировски од Брвеница, за миленицата што живее со неговите три деца (Фото: ЗАНДОН)

„Тара ја добив од мојот пријател од Тетово Фадил. Беше мала кога ја донесов дома. На почетокот домашните беа изненадени, но како минуваше времето толку се навикнавме на неа и ја засакавме, што веќе не можеме без нејзиното присуство.

Повеќе на Сакамдакажам

loading...
loading...
Close
WpCoderX