loading...

Јанкуловска го обвини Оливер Спасовски: “Јас бев професионална и остварив голем резултат”

Како СДСМ управува со институциите?
Во 2006, кога ВМРО-ДПМНЕ го превзеде управувањето со институциите, на листата за перцепција на корупцијата која секоја година ја објавува меѓународната Transparency International, Македонија беше рангирана на срамното и понижувачко 105 место.
Работевме напорно, професионално и посветено и успеавме да го подигнеме угледот на земјата и да го подобриме рангирањето за над 40 места.
После два неуспешни мандати на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски како технички министер за внатрешни работи во 2015 и 2016, Македонија повторно доживува драматичен пад и е рангирана на 90 место, а Спасовски останува запамтен по тоа што во неговите мандати единствената акција на МВР за борба против криминал е онаа против неговиот партиски другар Чауш-фалсификаторот на документи за потребите на СДСМ, за која Спасовски не бил ни информиран.

loading...
loading...
Close
WpCoderX