loading...

Што ли кријаат и во што се вмешани? Oва се имињата на судиите кои се исплашени до коска СЈО да изврши претрес на домови на функционери

-Имено, судиите за претходна постапка на кои им биле доделени овие предмети и тоа судијата Елена Јосифовиќ и судијата Александра Поп Стефанија изразиле несогласност по барањата за определување наредба за претрес, а кривичните совети во состав од судиите Љубинка Башеска, Горан Бошевски и Владимир Панчевски, од судиите Владимир Панчевски, Ленка Давиткова и Диана Груевска Илиевска и од судиите Ленка Давиткова, Диана Груевска Илиевска и Ивица Стефановски ги уважиле изразените несогласности на судиите за претходна постапка. Би укажале и дека до ова Јавно обвинителство сеуште не се доставени записниците, ниту пак снимките од одржаните рочишта по повод поднесените обвинителни предлози во случаите за насилството во општина Центар и за уништената документација во Управата за безбедност и контраразузнавање, велат од СЈО.

loading...
loading...
Close
WpCoderX