loading...

Бившиот градоначалник на Велес: Рацин е најголем македонски поет меѓу живите и мртвите

Ace Kocevski

loading...

Кочо Рацин е еден од стожерите на македонската нација. Најголем македонски поет меѓу живите и мртвите македонски поети. Неговиот придонес во втемелувањето на современата македонска литература е непроценлив. Неговата мала по обем збирка песни ,,Бели Мугри“ има историско значење. Тој е најзнаменита личност на Велес на 20-тиот век. Револуционер, антифашист, социјален поет, елегичар, лиричар.

Токму затоа великанот Блаже Конески за Кочо Рацин напишал: ,,Името на Кочо Рацин е кратенка за името на сите нас“, а пак големиот поет Гане Тодоровски за Кочо Рацин напишал ,,Почитта кон Рацин е обврска на цела Македонија бидејќи големи до преголеми се заслугите на Кочо Рацин за Македонија, за македонската литература, култура, нација и историја. Тој е перманентен наш интелектуален и морален инспиратор, наш величествен национален мислител, ингениозен двигател и аниматор на нашиот поход кон слободата, творец и борец од највисок ранг.“

Во ова време невреме, во нашата предолга и мачна транзиција, во време на ерозија на моралните вредности, македонските првенци мора да се замислат и да направат многу повеќе Рациновите средби како и Струшките вечери на поезијата да бидат најважен културен настан во земјата. Бидејќи без себепочитување, без постојана афирмација на ликот и делото на Прличев, Мисирков, Конески, Рацин, се потешко се спротивставуваме на антимакедонизмот.
Се додека питијадата е 100 пати поважен културен настан од Рациновите средби, се додека наместо вистински културни настани доминираат разни популистички питијади, прасијади, ракијади ќе биде вака.
И се додека ликови како Цветин Чилиманов, Тања Каракамишева и многу други слични на нив го окупираат медиумскиот простор и го креираат јавното мислење, ќе биде се полошо и полошо.

loading...
loading...
Close
WpCoderX