loading...

Македонија има време за чекање пред да се распадне! Бизнисот и корупцијата да си се одвиваат без проблем

Не треба да се брза. Македонија има време за чекање пред да се распадне. Пред неа за такво нешто се подготвени БИХ и Косово.
Но додека во ДУИ сериозно се разгледува и созрее одлуката за формирање влада треба да се остави доволно време за:
Мухамед Зекири или некој од новите пратеници да биде натепан или онеспособен.
Некој бивши пратеник како Рахиќ да биде затворен.
Да се случат уште неколку тепачки меѓу навивачите на Вардар и Шкупи.
Советот за јавни обвинители да му го врати предметот “пуч” на Зврлевски и пак да му се суди ма Заев.
Инспекциските служби да откријат тешки криминали во работењето на Теута Арифи и Невзат Бејта.
Бизнисот и корупцијата да си се одвиваат без проблем.
Американците да изгубат интерес за формирање влада.
А Хан да дојде уште неколку пати со нови идеи кои ќе ги толкуваме по неговото заминување.

Ѓорѓи Спасов

loading...
loading...
loading...
Close
WpCoderX