loading...

Кржалоски: СДСМ го сопира рестартирањето на компаниите – жртви на транзицијата

СДСМ со своето неодговорно однесување ги опструира многуте проекти што се во интерес на граѓаните. Еден од проектите кој требаше да почне во 2017 година е проектот за рестартирање на стопанските кацитети – жртви на транзицијата“, изјави на прес-конференција Лука Кржалоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека со овој проект требало да се реши статусот на повеќе од 320 компании чии имоти пропаднаа во транзицијата создадена и спроведена од СДСМ.

loading...

– За креирање на секое работно место, предвидена е државна помош од 2.000 евра, а за ангажирање на стечајни работници 4.000 евра под услов да се задржат на работа минимум пет години. Дополнително пакетот мерки, предвидува и готовински грант во изност од 10 проценти од инвестираната вредност за адаптација, реконструкција и за набавка на опрема. Исто така, се предвидува ослободување на плаќање данок на добивка во рок од две години, а персонален данок и социјални придонеси во рок од три години доколу вработените лица ги задржи најмалку уште три години – изјави Кржалоски.

loading...
loading...
Close
WpCoderX