loading...

Тој што е невин не бега од државата

Не можам да се изначудам со каква леснотија одредени личности од јавниот живот меѓутоа и новинари бранат нешто што не смее ни да се помисли да се брани. Бранат личности за кои постојат основани сомневања дека сториле тежок криминал и големи зла.

Да се разбереме тој што е невин не бега од државава и не повикува други да го бранат туку излегува одважно и храбро и без ничија помош ја докажува својата невиност пред истот тој суд во кој се колнел до вчера.
Се прашува дали оваа хистерија кај овие личности што бранат нешто неодбранливо е резултат на стравот дека повеке нема да се полнат и нивните банкарски сметки како награда за нивното досегашно одработување, лигавење и слугување?. Дали тоа е од зорт или пак се должи на интелектуалната дефектност односно на долго затскриваната ментална субнормалност?.
Неможам и несакам да поверувам дека кај дел од нив е резултат на ова последново од причина што повекемина ми се познаници па дури и пријатели од поодамна.
Но, без разлика на сѐ, сето ова ке помине еден ден. Секој ќе си го добие заслуженото за стореното. Ќе дојде денот кога ке треба да се погледнеме очи во очи и да ги запрашаме зошто ви беше потребно сето тоа? Дали беше нужно за туѓи бели дворови да копате наши гробови? Нивната наведната глава или извинувањето дека погрешиле оти биле заблудени или така морале да се однесуваат нема да ги испере нивните сторени гревови.

loading...

Јове Кекеновски

Фејсбук статус

loading...
loading...
Close
WpCoderX