loading...

Заев: До 24 ќе има нова Влада

Се надевам дека до 24-ти март ќе имаме влада, рече денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по завршувањето на распитот во Јавното обвинителство, одговарајќи на новинарско прашање.

loading...

– Јас реков дека очекувам поради тоа што знаете дека работите не зависат само од Заев, веројатно не зависат ниту од никој поединец. Можеби зависат од сите нас политичарите заедно. Јас би сакал и на 20, на 21, на 22, дури и порано од тоа да има влада Република Македонија, но секако тоа прво значи закажување на седницата, избор на претседател на Собранието, допис до господинот Иванов, негова одлука кога ќе го даде мандатот. Јас, верувајте, како потенцијален мандатор, нема да дозволам да се трошат 20 дена за преговори за нова Влада. Ќе гледам максимално можно, доколку го добијам мандатот, да ги скратам сите овие рокови. Верувајте, јас како потенцијален мандатор нема да дозволам да се трошат 20 дена за преговори за Влада. Ќе гледам максимално можно ако го добијам мандатот да ги скратам овие рокови за да им заштедиме и на граѓаните и на Република Македонија, време, денови и период за тоа што очекувањата на сите се да има натпревар во државата по пат на дебата, дискусија и се за процеси коишто се одвиваат во Република Македонија, за добробит на државата и на граѓаните, да има една позитивна дебата, натпревар на економски проекти, на идеи и слично како и секоја нормална земја – рече Заев.

loading...
loading...
Close
WpCoderX