loading...

Иванов: Џабе Претседател на Собрание! Не го давам мандатот се додека не се повлече платформата

– Сè додека тие пречки не бидат отстранети јас не можам да донесам одлука која што ќе биде оспорена. Ако биде оспорена една таква одлука, тогаш ќе биде отворено прашањето за моја одговорност. Затоа барам и инсистирам правната и политичката пречка да бидат отстранети. Јас сум под заклетва и ќе го почитувам она што е уставен поредок на Република Македонија – рече Иванов по денешната средба со претседавачот на Претседателството на БиХ Младен Иваниќ.

– Едно е политичката криза која што ја решивме со изборите на 11 декември, а со платформата добивме институционална криза. Јас тука не чувствувам одговорност бидејќи го почитувам Уставот и тоа што се бара од мене, а ги имам предвид и одлуките на Уставниот суд и затоа не смеам да донесам одлука која што ќе биде оспорена од кого било – потенцираше Иванов.

loading...
loading...
loading...
Close
WpCoderX