loading...

СДСМ го осуди Груевски за инцидентот со дронот: Граѓаните да не потпаѓаат на насилните сценарија на Груевски

Ги осудуваме сите провокации коишто имаат за цел поттикнување меѓуетнички тензии, од кого и да доаѓаат, за какви било интереси и да се направени, вклучително и инцидентот со дрон на фудбалски натпревар во Чаир, реагираа денеска од СДСМ.

-Граѓаните да не потпаѓаат на насилните и потпалувачки сценарија на Никола Груевски и на тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кои во нив единствено гледаат обид за спас од одговорност за направените криминали. Граѓаните на Република Македонија на 11 декември покажаа дека се за единство и за заеднички живот и дека ги отфрлаат насилството и конфликтите коишто ги поттикнува Груевски, велат од СДСМ.

loading...
loading...
loading...
Close
WpCoderX