loading...

Ванковска удри по режимот! И таа осети на своја кожа како судат режимските и сваровски судови

КАДИЈА ТЕ СУДИ, КАДИЈА ТЕ ТУЖИ, КАДИЈА ТИ ОТФРЛА ЖАЛБА! Македонскиот правен систем не излегол од турско. Така, денес добивам известување од Државен просветен инспекторат потпишано токму од инспекторите кои не си ја завршија работата во прв степен, па заради тоа се обратив до Второстепената комисија. Ме известуваат дека мојата жалба е недопуштена и како таква се отфрла, бидејќи јассум неовластено лице. Да појаснам, овластена сум да поднесам претставка, ама не ми е допуштено да се жалам на исходот од таа претставка. Второстепената комисија сепак го прифати моето жалбено барање и предметот го врати на одлучување на оние кои несовесно си ја завршија работата во прв степен. Сега токму тие кои ми сугерираа „да не ја правиме голема во овој деликатен политички момент“ ја отфрлаат жалбата и всушност одбиваат да направат целосен инспекциски увид и да го констатираат она што се гледа од Марс, а тоа е ТРИГОДИШЕН незаконски ангтажман на надворешни професори на студиска програма од втор циклус. Притоа, дури и нивната првична одлука (да се даде согласност САМО за оваа година, и тоа во март а со важење од октомври) не се почитува, бидејќи дотичниот Кадриу не доби согласност, а и натаму изведува настава и испити. Другите двајца се легализирани за оваа академска година.
Јас одам понатаму, пак ќе го обжалам ова ново решение, а за среќа веќе имам поднесено и тужба до Управен суд.

loading...
loading...
Close
WpCoderX