loading...

Македонците и бугарите одбележуваат 114 години од смртта на Делчев

На само 31 година, на денешниот ден, пред 114 година, паѓа убиен од куршуми на турска потера кај с. Баница еден од најхрабрите борци за слободата на Македонија и Одринско – Гоце Делчев, национален херој на  Македонија.

Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.
Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

По убиството, неговите посмртни останки првин се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје. ГоцеДелчев како голем народен херој го слават и во Бугарија.

loading...

 

loading...
loading...
Close
WpCoderX