loading...

Заев го честита денот на Полицијата: Најави чистка на вмровските непрофесионални багабонти

„Во име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое лично име, ви го честитам денешниот Ден на полицијата во Р.Македонија. Изразувам искрена почит и благодарност до сите професионалци кои во најтешките услови на режим, насилство и обиди за дестабилизација, одговорно и достоиствено работеа и работат во служба на граѓаните на Македонија“, рече Заев.

„Да се биде дел од полицијата и од безбедносните служби е одговорност, но и чест, а за нив се потребни и совест и свест. Сите треба да сме среќни што Република Македонија има професионалци што можат да ги заштитат граѓаните, државните интереси и уставниот поредок на државата и го прават тоа“, потенцираше тој.

loading...

„СДСМ како партија што ќе ја предводи новата реформска Влада се обврзува пред вас и пред граѓаните дека ќе овозможи професионална, модерна и ефикасна  полиција,  ослободена од лични, партиски и какви било други влијанија. Ќе го заштитиме личното и професионално достоинство на сите припадници на полицијата и безбедносните служби преку подобрување на условите за работа и на работниот статус“, додаде Заев.

loading...
loading...
Close
WpCoderX