loading...

СДСМ: ГИ ИМАМЕ И ПРОГРАМАТА И ГАРАНЦИИТЕ, ВЕДНАШ ДА СЕ ДОДЕЛИ МАНДАТОТ

„Граѓаните и целата домашна јавност“, се наведува во соопштението на СДСМ „како и меѓународната заедница отворено и јасно се запознаени со Програмата на новата реформска Влада која ја гарантира унитарноста на Македонија, работа според Уставот и евро-атлантски интеграции“.
„Парламентарното мнозинство е подготвено да ја реафирмира пред јавноста и пред Ѓорге Иванов Програмата на новата Влада, и тоа ќе го направи.
Но, врвен интерес на граѓаните е Иванов да постапи согласно Уставот, да престане со сите неразумни оправдувања што имаат за цел обид за заштита на Никола Груевски од правдата и веднаш да го додели мандатот за состав на нова Влада на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Граѓаните, општините, институциите имаат потреба од итна стабилизација на државата.
Секое спречување мирен трансфер на власт и секое попречување на легитимното парламентарно мнозинство да формира Влада е противуставно дело кое е казниво со закон.
loading...
loading...
Close
WpCoderX