loading...

Еве кој каде ќе биде министер во новата Влада! Ахмети и Заев утре седнуваат на маса

Ресорскиот колач од утре почнува да се сече, информира ТВ24. Зоран Заев и Али Ахмети утре на маса за поделбата на ресорите и отворање на можните министри за новите функции.

Очекувањата се дека по состанокот ќе стане појасно дали Ахмети ќе добие 8 министри или, пак, ќе треба да се задоволи со две или три места помалку, во зависнот дали БЕСА од СДСМ и ДУИ не сакаат да откријат детали. Официјално од двете партии велат дека разговорите не се почнати. Сепак, партиски извори за ТВ 24 брифираат дека контурите се веќе нацртани.

loading...

Заев не планира да се откаже од МВР, земјоделство, труд и социјална политика, МНР, одбрана, правда, транспорт и врски. Се споменувата имињата на Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Рената Дескоска, Мила Царовска, Љупчо Николовски, високо котира и Никола Димитров.

Ахмети уште во првата посета од Заев во Мала Речица му доставил предлог за поделба на ресорите на Ахмети. Неофцијално од Мала Речица велат на нивно конто одат здравство, образование, економија, екологија, локална самоуправа, двајца вицепремиери, со тоа што во здравство се споменува дека ќе седне човек од Алијансата за Албанците. И за тоа се споменува Арбен Таравари од партијата на Села.

Општинските организации веќе почнале да даваат предлози за министри. Од базата на масата на Ахмети се очекува да се свртат имињата на Артан Груби, Аднан Јашари, Бујар Османи, во игра се враќа и Хазби Лика, како и потпретседателската двојка Изет Меџити и Теута Арифи. Ахмети би сакал на негово конто да се прокнижи УБК или БЈБ.

БЕСА и Алиајнсата ќе дојдат на ред откако Заев ќе одговори со Ахмети. Не се исклучува тие средби да бидат викендов, од денес се очекува работни групи да ја пеглаат програмата. Од СДМС велат, програмата што ја промовираше Заев треба да добие поддршка.

loading...
loading...
Close
WpCoderX