loading...

Стопанска комора го предложи Кочо Анѓушев за вицепремиер за економски прашања

Стопанска комора на Македонија и официјално го предложи бизнисменот Кочо Анѓушев за кандидат за заменик-претседател на владата задолжен за економски прашања, информираат од таму.

Во соопштението на Комората се вели дека Анѓушев е успешен македонски бизнисмен и претприемач, потпретседател на Стопанската комора на Македонија, претседател на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) во рамките на Комората, основач и главен извршен директор на компаниите „Фероинвест“ и „EДС“, претседател на бордот на директори на „Брако“ и редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје.

loading...
loading...
loading...
Close
WpCoderX