loading...

НАЈГЛАСНИОТ И НАЈЖЕСТОК ПРАТЕНИК СУГАРЕВСКИ-ОД ИНСПЕКТОР ДО МИНИСТЕР

Прилепчанецот Горан Сугарески важеше за еден најгласните пратениците на СДСМ.Препознатлив беше по високите тонови, со остри говори во кои често употребуваше факти и бројки упатени на адреса на доскорешната владејачка ВМРО-ДПМНЕ. Двапати по ред е реизбран за пратеник, при што последните две години беше и координатор на пратеничката група на СДСМ.

Во име на пратеничката група на СДСМ поднесе низа закони,меѓу кои законите за СЈО, против екстерното тестирање, како и законот за лустрација.Т ој беше и лидер на двомесечната блокада на Комисијата за образование против новиот универзитет „Дамјан Груев“.Познат е и по категорично напуштање на собраниската сала.

loading...

-45 илјади денари плата ќе земаат овие партиски полтрони за да се борат против дискриминација. Дали некој верува во ова? Вака ги вдомувате и наградувате сите плукачи против опозицијата, рече Горан Сугарески на една од седниците, кога се носеше одлука за членови на Комисијата против дискриминација.

Покрај гласното спротивставување на политичките опоненти, Сугарески знае остро да се спротивстави на лидерот на партијата Зоран Заев.За ова говори неговата јавна критика, кога на предвремените избори во декември не се најде на листата на пратеници.

„Претседателе, нé изневеривте. Ги оставивте на цедило оние кои во 2014 ги убедуваа другите да опстојат во битката и да не се вратат во Собранието, како Грчева, Тупузовска и Буралиева. И самите знаете дека јас, Маријанчо Николов и Лидија Димова со денови молевме двајца колеги да не се вратат во Собранието. И сега тие колеги сé уште се на листата, а ние сме надвор. Срамота!“, му напиша Сугарески на Заев.

Прилепчанецот Сугарески често се спротивставувал и на седниците на раководството. На состанок на Централниот комитет, кога биле затворени листите за изборите, тој го напуштил состанокот. А подоцна не се ни појави на конгресот во октомври минатата година.

И токму кога јавноста заклучи дека Горан Сугарески останува позадинец, на изненадување на сите, Зоран Заев го номинираше токму Сугарески за министер за транспорт и врски.
По професија е правник,а завршил и магистратура по меѓународна политика и дипломатија. Неговата професионална определба нема допирни точки со транспорт и врски, па ако се водиме од овој факт останува како Сугарески ќе раководи со ова министерство.

loading...
loading...
Close
WpCoderX