loading...

ВИДЕО: Дурант го растури Кливленд и имаше време дури да ја „шмекне“ Ријана

Кевин Дурант ја предводеше екипата на Голден Стејт кон победа во првиот меч од финалната серија од НБА финалето. Бекот на Вроиорси, кој доби критики за неговата преселба во Калифорнија, беше незадржлив и постигна 38 поени, добивајќи го директниот дуел со Леброн Џејмс.

Дурант го привлече вниманието на јавноста и поради блиската средба со популарната американска пејачка, Ријана, која го следеше мечот од првите седишта до паркетот. Таа е голем фан на Леброн, а знаејќи го тоа кошаркарот на Вориорс постигна тројка и упати провокативен поглед кон неа.

loading...

Ваквиот момент не беше изоставен од социјалните мрежи, кои беа преполни со коментари, а дури и еден од новинарите на прес-конференцијата по мечот му постави прашање на Дурант во врска со Ријана.

loading...
loading...
Close
WpCoderX