loading...
Personal trainer helping woman working with heavy dumbbells

Што треба да знаете пред да влезете во теретана?

Мора да имате план

Ако знаете што точно сакате ои која е вашата фитнес цел, полесно ќе ја остварите. Без разлика дали доаѓаате во теретанаа за рекреацијаа, злабеење, затегнување или дефиниција на мускули, без план не правите ништо. Консултирајте се со тренер и објаснете му кои се вашите цели и заедно разработете план и временска рамка за вежбање.

loading...

Внимавајте што јадете

За градење мускули ви требаат протеини, а нив главно ги има во месо, јајца и млечни производи. Сепак, немојте да јадете барем два часа пред тренинг, за да има време организмот да ја свари храната. Така ќе избеегнете мачнина и грчеви во стомакот. После тренингот, почекајте 45 минути до еден час пред да јадете. Вашата крајна фитнес цел зависи од исхраната, па повторно, консултирајте се со стручњак за да знаете која храна ќе ви помогне полесно да ги остварите зацртаните цели.

Не заборавајте да понесете вода

Кога вежбате интензивно, телото ја троши водата преку потење и потребно е да ја надополните. Редовната хидтратација е важна, не само за време на вежбањето, туку пред и потоа. Избегнете да плаќате повисока цена за флаширана вода во теретанаатаа и понесете вода со себе. Ако ви е тоа потребно, почнете да пиете и вода со додаден L-carnitine.

Носете свој пешкир

Ќе ви требаат два: еден за бришење пот, еден за да седнете на него кога користите некоја од справите за вежбање. На тој начин ќе си ја гарантирате хигиената и ќе се заштитите од бактерии што се пренесуваат преку пот. Задолжително перете ги пешкирите и облеката за вежбање после секој тренинг.

Не претерувајте

Многу е важно да си ги знаете своите граници. Не претерувајте уште на почеток, бидејќи така ризикувате да добиете воспаление на мускулите и да се откажете, но може и да се повредите. Првиот тренинг треба да биде потготвителен, особено ако не сте вежбале подолго време. Бидете умерени и разумни, за да можете постепено и без болка да ја постигнете вашата фитнес цел.

loading...
loading...
Close
WpCoderX