loading...

Бомба на Таравари: Oд 70 – до 100 лекари се затворени во монтирани случаи за време на владеењето на ВМРО

Новиот министер за здравство Арбен Таравари во интервју за „Фокус“ вели дека за време на 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ  се уапсени најмногу лекари досега, а дел од нив се политички монтирани случаи, само затоа што и се спротиставиле на власта.

– Секаде постојат криминалци, па и меѓу нас докторите. Но, не е таква сликата како што се изгради во јавноста. Само последните десет години се уапсени од 70 до 100 лекари, што не е направено во последните 70 години. Се создаде слика, сите со бели мантили од народот да се перцепираат како криминалци. Ќе бидеме бескомпромисни во борбата против криминалот. Ќе ја направиме нашата веб-страница поинтерактивна, па пациентите, освен можноста во кутиите на клиниките да пријавуваат мито и корупција, ќе имаат можност и на нашата страница да го прават тоа, а службите ќе ги собираат тие информации -истакна Таравари.

loading...
loading...
loading...
Close
WpCoderX