loading...

Реал Мадрид и Манчестер нема да го играат Супер купот во Скопје! УЕФА: Македонија е неспособна да ги реализира барањата

Шок во јавноста. Поради низа пропусти на претходната Влада, Македонија може да го изгуби Супер купот соопштија од Владата..

„На денешната седница на Владата констатирани се сериозни пропусти од страна на АД за стопанисување со станбен и деловен простор и на претходата Влада, во реализацијата на преземената обврска за одржување на УЕФА Супер купот 2017 на Арената Филип 2, со оглед дека стадионот не е подготвен согласно бараните стандарди на УЕФА“, соопшти вечерва Владата.

loading...

Од Владата го задолжиле Генералниот секретаријат, да ги преземе сите потребни мерки во рок од три дена и да се најде начин за одржување на УЕФА Суперкупот. Тим на УЕФА ќе дојде во Скопје на 21 јули да ги провери условите.

Инаку од средината на јуни почнa продажбата на билетите за најголемиот спектакл во Скопје „УЕФА Суперкупот“, кој треба да  се одигра на 8 август на Арената „Филип Втори“. Цената на билетите се движи од 15 евра до 50 евра.

loading...
loading...
Close
WpCoderX