loading...

ЕКСКЛУЗИВНО: гРУЕВСКИ НЕМА ДА БИДЕ ОБВИНЕТ ЗА СЛУЧАЈОТ “ТАЛИР”?

Груевски, Божиновски и Протоѓер тактички не се одѕвале на поканите знаејќи дека така нема да може  да се покрене обвинение за случајот „Талир“. Од СЈО им порачуваат дека истрагата продолжува и дека за нивните игри ќе се најде чаре. Но ако Груевски привремено се спасува од „Талир“, таква среќа нема неговиот братучед со „Таргет“. Мијалков оваа недела ќе биде обвинет за масовното  прислушување. 

Оваа недела  истекуваат последните пет дена за покренувањето обвиненија од страна  на Специјалното  јавно  обвинителство. Дојче Вече од извори во одбраната тврди дека е можно да нема обвинение за случајот „Талир“ кој го опфаќа нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Извори во Специјалното јавно обвинителство за НОВАТВ  тврдат дека тоа е така затоа што Никола Груевски, Кирил Божиновски и Мартин Протуѓер не се  одзивале на поканите во обвинителството знаејќи дека поради тоа нема да може да се достави обвиниение доколку немало испрашување за главните осомничени.

loading...

„Истрагата ќе продолжи, на толку докази немаме намера да сопреме. Тие  не доаѓаа намерно и тоа е добра тактика затоа што нивната одбрана знае дека со недоаѓање на главните осомничени не  може да се покрене обвинение  поради процесни процедури“, велат за  НОВАТВ извори во СЈО.

loading...
loading...
Close
WpCoderX