loading...

Во текстот на Шиндре нема ни збор за легализација на педофилијата

Dragi Zmijanac, во изминативе години имаш направено многу глупости, ама оваа ти е една од поголемите.
Непознавањето на концептот за човекови права и отсуството на елементарно разбирање на концептот за заштита на правата на детето веќе почнуваат да стануваат многу очигледни во низа постапки на организацијата Меѓаши.
Дајте бре олабавете малку со навалентната глупост и откачете се од скутот на конзерватвно-моралистичкиот и популистички посакуван приод карактеристичен за владеењето на ДПМНЕ.
Во текстот на Шиндре нема ни збор за легализација на педофилијата. Меѓутоа се отвора за дебата една сложена, повеќеслојна, и, многу сензитивна материја од областа на човековите права и посебно правата на детето.
Јас би му сугерирала на Змијанац да не се впушта во оваа расправа бидејки далеку ги надминува неговите интелектуални капацитети.
Најдобар интерес на детето (член 3 од Конвенцијата) не е да биде ставено под стаклено ѕвоно туку да биде третирано како човек на кој треба да му се обезбедат посебни услови за сестран и потполн развој (па и сексуален), при што ќе биде заштитено од злоупотреба (па и таа сексуалната), т.е ќе биде заштитено од сексуално искористување и сексуално малтретирање (член 34 од Конвенцијата).
За да го обезбедиме ова, ние возрасните треба да разговараме, треба да ги слушнеме децата (член 12 од Конвенцијата), треба да ги видиме сите проблеми и да понудиме најдобри решенија.
Забраната на разговор за сексуалноста на децата и проблемите со кои се соочуваат во својот развој нема ниту да им помогне во развојот ниту пак ќе ги заштити од злоупотреба.
Детето е човек во развој а не објект на заштита.

Мирајана Најчевска

loading...
loading...
loading...
Close
WpCoderX