loading...

Левица: Трудовиот инспекторат да ги казнува газдите и да ги заштити работниците

Левица бара од новата влада да посвети повеќе внимание на работата на Трудовиот инспекторат, со цел да се превенираат несаканите несреќи на работното место, кои беа секојдневни појави изминатите 26 години.

 

loading...

„Несреќниот случај, во кој паднаа од скеле тројца работници (кај клучката Миладиновци) само потврдува дека насушно потребна е агилна и навремена реакција на Трудовиот инспекторат. Во услови на екстремно високи температури, газдите се обврзани да ги заштитат работниците со цел да се спречат несаканите негативни последици. Затоа, очекуваме драстично поагилни реакции од страна на Трудовиот инспекторат и пропишување на соодветните казни за газдите кои не ги почитуваат одредбите од ЗРО. Време е да се почувствуваат суштински промени во насока на почитување на работничките права, а не само да се продава евтин популизам. Поинакво општество е можно, похумано општество е нужно!“, се наведува во реакцијата на Левица.

loading...
loading...
Close
WpCoderX