loading...

Маноиловски бара истополов брак во Македонија, Милошоски не сака такви девијантни појави тука

Најстариот пратеник во Собранието на РМ од Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бранко Маноиловски на денешната седница на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците побара да се легализира истополовиот брак во земјава, за да геј луѓето добијат еднакви права.

„Многу прекрасни луѓе. Треба да им се дадат сите права на хомосексуалците во оваа република. Сите, дури и правото на брак“, изјави Маноиловски.

loading...

„Ќе речете, зошто тоа? Еве зашто. Тие заедно работеле и направиле една куќа, и едниот умрел потоа. И сега, тој не може да ја наследи куќата затоа што бил хомосексуалец“, додаде тој, известува Канал 5 телевизија во ТВ прилог.

Африм Гаши, пратеникот од БЕСА, не се сложува со колегата Маноиловски. Тој смета оти ова е конзервативна земја и не треба да се менува дефиницијата за семејство. „Јас сум убеден дека во Македонија имаме конзервативно општество, каде е утврдено дека семејството се состои од маж и жена, и дека семејството има деца. Ние треба да ги прокламираме овие вредности“, порача Гаши.

„Ако некои држави одлучиле девијантни појави да ги легализираат во еднополови бракови, и ако тоа не одговара со семејната и традиционална определба на општеството во РМ, не мора сите лоши работи да ги увезуваме [sic]“, рече Антонио Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

loading...
loading...
Close
WpCoderX