loading...

Стивен Хокинг: Трамп не знае што прави

Светски познатиот британски физичар Стивен Хокинг истакна дека одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, за повлекување на неговата земја од Парискиот климатски договор може да ѝ наштети на Земјата.Хокинг во изјава за Би-Би-Си предупреди дека одлуката на Трамп за повлекување на САД од Парискиот климатски договор може да предизвика неповратни климатски промени.

„Овој чекор може да ја стави земјата на патот кон претворање во стаклена градина како Венера“, истакна Хокинг.

loading...

Тој истакна дека агресијата е во човечката природа и оти единствениот начин за преживување е да се живее на друга планета. Според Хокинг, потезите на Трамп можат да ја доведат Земјата до работ да се претвори во Венера, планета каде што температурата изнесува 250 степени и има врнежи од сулфурна киселина.

loading...
loading...
Close
WpCoderX