loading...

ФАКТОР: Како Македонија стана голем притвор за Груевски и другарите!?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не ја доби најстрогата мерка за обезбедување. Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 одлучи на обвинетиот Груевски да не му додели притвор како што бараше Специјалното јавно обвинителство, но му го одзеде пасошот и му наметна обврска секоја недела да се јавува во судот. Никола Груевски не е во затворска ќелија, но е затворен во Македонија и не смее да ја напушта.

Груевски не се огласи откако остана без патна исправа. Тој на неговиот фејзбук профил попладнето само сподели кусо видео од средбата со медијаторот за спорот со името, Метју Нимиц.

loading...

Поранешниот премиер, кој сега е пратеник, од евентуален притвор го штити имунитетот . Тој на 30 јуни, денот кога СЈО го поднесе обвинението за случајот „Титаник“, поднел барање за симнување на пратеничкиот имунитет. Причината за овој потег Груевски не ја образложи, но пораката која се обиде да ја испрати пред своите е дека е подготвен да оди и во притвор и нема да се повикува на привилегијата која што му го дава функцијата во Собранието. Сепак, спикерот Талат Џафери, образложи дека пратеник не може да се откаже од имунитетот. Туку Собранието може да му го одземе само по барање на суд.

Кривичниот суд не им определи мерка притвор ни на Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Мартин Протоѓер, обвинети од СЈО за случајот „Титаник 1“, но одлучи да им ги одземе патните исправи. Без пасош ќе остане и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и уште три лица. Со ова, бројот на одземени патни исправи од страна на судот за поднесените 17 обвиненија од СЈО се искачи на 38.

Целиот текст на “Фактор” прочитајте го тука

loading...
loading...
Close
WpCoderX