loading...

Образованието и културата беа колевките во кои се воспитуваа новокомпонираните груевизирани Македонци

Образованието и културата беа колевките во кои се воспитуваа новокомпонираните груевизирани Македонци. Тие требаше да станат верници и поданици, а не критички мислечки граѓани.

Гласачка машина која ќе маршира за интересите на третата генерација нови богаташи, новата класа од збогатени политичари и заштитени криминалци. Тежок и макотрпен ќе биде патот на демаскирањето на оваа стратегија на пиратската акумулација на капиталот спроведена со инструментите на нацисталинизмот.

loading...

Не само нови програми, туку и лични примери ќе бидат неопходни за да се редуцираат катастрофалните последици од организираното успивање на умот на граѓаните. И тука ќе запрам: Министерствата за образование и култура имаат и приоритетна важност и огромна одговорност!

Владимир Милчин фб статус

loading...
loading...
Close
WpCoderX