loading...

Што се случува со Шумахер

Менаџерот на легендата на Формула 1 Михаел Шумахер – Сабине Кем, откри зошто неговото семејство чува во тајност од јавноста развојот на неговата здравствена состојба по ски инцидентот од пред три и пол години.
Според неа, седумкратниот светски шампион во Формула 1 секогаш секогаш ставал јасна линија помеѓу публицитет и личен живот, а заштитата на приватноста  е во негов интерес.
Михаел Шумахер падна и ја удри главатата во карпа за време на скијање на француските Алпи во декември 2013 година Иако носеше шлем, пилотот претрпе оштетување на мозокот и беше во медицинска кома.
Во април 2014 година Шумахер, кој возеше за Benetton, Jordan, Mercedes и Ferrari, беше изваден од кома и преместен на рехабилитацијоната клиника во Лозана, Швајцарија, пред да биде вратен во Германија во септември 2014 година
Познати се малку детали за неговата состојба, како Сабине Кем откри во мај 2015 година, дека тој полека се подобрува.
Година подоцна неговиот адвокат изјави дека шампионот “не може да оди”, потсетува британскиот весник Еxpress

loading...
loading...
Close
WpCoderX