loading...

Поранешен началник на УБК обвинет од СЈО: Нема да бегам, имам болна мајка, за која се грижам

Во Апелацониот суд денеска јавноста за првпат имаше можност да го слушне гласот на Тони Јакимовски, поранешниот началник во УБК, обвинет во случајот Тврдина и Таргет на Специјалното јавно обвинителство.

Тој денеска се појави во судот, каде што се одржа јавна расправа по жалба на СЈО да му се одреди мерка притвор, бидејќи претходно Кривичниот суд одлучи само да му се одземе пасошот, а истовремено на располагање му го остави дипломатскиот пасош. Со овој пасош Јакимовски постојано патува надвор од Македонија бидејќи е генерален директор на Меѓународниот центар СЕЛЕК, чие што седиште е во Букурешт, Романија, меѓутоа, застапува 12 европски држави.

loading...
loading...
loading...
Close
WpCoderX