loading...

Рангелова бара ,,да престане отпуштање и прогон“ на нивни членки кои се ,,самохрани мајки и имаат деца“

Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Даниела Рангелова и претседател на Унија на жени одржа прес конференција на која зборуваше дека Владата предводена од СДСМ, наводно, отпушта и брка од работа нивни членки, кои, како што се обиде тоа емотивно да го претстави -се самохрани мајки и имаат деца.

Еве што рече Рангелова:

loading...

,,Директорката на домот за деца без родители 11-ти Октомври Скопје, Ристенка Атанасова е избркана од работа и оставена на улица. Ристенка Атанасова е самохрана мајка.

Бранка Шишовска од Берово, директорка на Центарот за социјални работи, исто така е избркана од работа и оставена на улица. Бранка Шишовска имаше уште само три години до пензија.

Избркана од работа и оставена на улица е и директорката на Центарот за социјални работи Неготино, Роза Јаневска.

Катерина Матиќ е самохрана мајка. Беше вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство. Сега и избркана и оставена буквално на улица.

Весела Честоева има две полнолетни деца. Работеше како раководител на секторот во Археолошкиот музеј. Практично таа го подигна Археолошкиот музеј од неговата преселба во новите простории. Сега и неа ја бркаат од работа и ја оставаат на улица.

Ова се само дел од жените кои изминатиов период го осетија камшикот на режимот на СДСМ.

Списокот е долг. Десетици жени без никаква основа или аргументација добиваат откази или ги деградираат во институциите каде што работат.

Ваквото однесување е срамно и невидено. Ваквото однесување е одлика на еден фашистички режим.

СДСМ ја спроведува на дело максимата на Зоран Заев „на клоци ќе ги бркаме и ќе вработуваме од чистачка до министер“.

Режимот на Заев и СДСМ не го интересира што овие жени кои ги исфрлаат на улица се и мајки, а дел од нив и самите се грижат за сопствените деца. Трагично е тоа што освен што се жени и мајки, истите се докажани професионалци во својата област и немаат буквално никаква црна дамка во нивните кариери.

Режимот на Заев и СДСМ ги деградира и ги девалвира само заради тоа што не се нивни слепи политички послушници.

Според информациите кои што ги имаме речиси секој кој се вработил во изминатите 10 години е под силен притисок и закани по неговото работно место, од страна на новите раководители поставени од СДСМ.

Бараме под итно да престане овој прогон на вработените во администрацијата кој го врши СДСМ. Истовремено бараме сите вработени кои биле неосновано и незаконски избркани од работа да бидат заштитени од страна на агенцијата за државни службеници, од трудовиот инспекторат, од комисијата против дискриминација, од судовите. Не смее да молчи и да замижува ниту Народниот правобранител. Негова обврска е да ги брани интересите на граѓаните пред режимот на Заев. Истовремено очекуваме и канцеларијата на Европската Унија да реагира на ваквото кукавичко однесување на СДСМ и бруталното отпуштање на професионалци и на нивно место вработување на партиски војници, разноразни комичари, шарени револуционери, поети, твитер ликови и слично.“

loading...
loading...
Close
WpCoderX