loading...
epa04249603 German Chancellor Angela Merkel (L) and Serbian Prime Minister Aleksandar Vucic shake hands prior to a press conference in Berlin, Germany, 11 June 2014. Vucic visits Germany to promote a rapprochement between the two countries. 'We say something without shame that Serbia did not know to say before: ... Serbia wants to be a reliable ally of Germany', Vucic said ahead of the visit. Merkel invited Vucic as problems emerged on several fronts that are key to Serbia's EU membership bid. EPA/DANIEL NAUPOLD

Вучиќ: Да бидеме реални со Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека српските граѓани ги повикал на внатрешен дијалог за Косово, со цел товарот да не се остави на идните генерации и затоа треба заедно да најдат одговор кој ќе биде траен и ќе го исклучи конфликтот како опција.

„Време е како народ да престанеме да ја ставаме главата во песок и да се обидеме да бидеме реални, да не дозволиме да го изгубиме или на некому да го предадеме она што го имаме, но и да не очекуваме дека во раце ќе ни падне, она што одамна го загубивме“, пишува Вучиќ, во авторска статија за „Блиц“.

loading...

Потсетувајќи дека своевремено Шимон Перес објасни дека инсистира на преговори со Палестинците, велејќи: „Но замислете што би можело да се случи ако тоа не функционира“, Вучиќ укажа дека и тој кога треба да одговори на прашањето за потребата од дијалог со Приштина и српскиот внатрешен дијалог за Косово, вели, „но замислете што би можело да биде … ако одеднаш сите замолчиме, ако престанеме да зборуваме“, пренесува Танјуг.

„По толку многу години во политиката во овој регион, јас тој одговор многу добро го знам. Уште од 1878 година, од создавањето на т.н. Призренската лига, ние, Србите не сакавме да бидеме доволно одговорни да ја разбереме моќта и желбата на Албанците“, рече претседателот на Србија.

loading...
loading...
Close
WpCoderX