loading...

Шиповиќ до Жерновски: Се понашаш како ВМРО! Патувањата до Париз ти ги плати општината! Не заслужуваш уште еден мандат

Шиповиќ потенцираа дека тендерите во општина Центар во најголем дел од случаите се изведувани со само еден понудувач.

– Од самиот почеток набавките  во општинна Центар се вршат според тендери и се уреднонаправени и изведени, ама СО САМО  ЕДЕН  ПОНУДУВАЧ, во најголем дел случаи, напиша Шиповиќ на фејсбук. Инаку само јавување на само еден понудувач на постапка за јавна набавка според закон е основ за повторување на огласот, што отвара сомнеж дали Жерновски ја пофторил јавната набавка или  свесно влегол во однапред договорена зделка, со цел остварување на имотна корист за себе лично или за партијата на власт.

loading...

Тој дополнително пишува дека Жерновски не знае за граници во трошењето на парите на граѓаните. „ Си троши безсмислено репрезентација и службени патувања, СИ БЕШЕ ВО 2016 ВО ПАРИЗ НА СЛУЖБЕН  ПАТ, се плати оптштината, а тогаш беше фудбалот. “ Раскалашеноста на кадрите на СДСМ со парите на граѓаните е нивна типична одлика, граѓаните изминативе денови преку медиумиете дознаа како СДСМ крати на капитални инвестиции, а додава пари за набавка на октоподи и други морски плодови кои треба да се најдат на трпезата во Владата.

Очигледно растат тензиите во редовите на власта во пресрет на локалните избори.Останува да се следи како ќе се развива овој најнов политички конфикт во редовите на сдсм и нивните партнери и дали органите на државата ќе преземат нешто за овие сериозни обвинувања за сомненија за манипулации со тендери кои ги изнесе Шиповиќ. Засега нема никаква реакција од страна на МВР и министерот Оливер Спасовски

loading...
loading...
Close
WpCoderX