loading...

Денес официјално ќе бидат распишани локалните на 15 октомври

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ќе го потпише решението за распишување на локалните избори во Македонија за 15 октомври. Денеска треба и да се заокружи расправата за ребалансот на буџетот.

Најавено е дека владиниот предлог за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски ќе се најде на дневен ред на Собранието веќе утре. Џафери најави дека оваа седница ќе трае сѐ додека Зврлевски не се разреши, а тоа значи дека пратениците нам да можат да одат на планираниот одмор од 8 август.

loading...

Сѐ ќе зависи од планот на опозициските пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и дали тие и натаму ќе ја одолговлекуваат расправата со бројните реплики и настапи од собраниската говорница на нивните 10 шефови на пратенички групи.

loading...
loading...
Close
WpCoderX