loading...

Левица со свои листи ќе учествува на локалните како најсилна 3 та опција

Сепак не се дрзнаа да ги одложат локалните избори! Па конечно на 15 октомври ќе се одржат задоцнетите локални избори! Граѓаните ќе имаат шанса да ги отстранат локалните ситни и не така ситни криминални елити што цицаа народни пари на народен грб!

Левица ќе учествува на локалните избори. За да им понуди опција за гласање на сите оние што се незадоволни и бесни како фушарски „народните избраници“ се расфрлаа со народните пари, оние што сакаат да видат ПРОМЕНА, а не ЗАМЕНА, оние што сакаат да и’ дадат шанса на единствената партија која ги застапува интересите на обичниот народ, а не на бизнис елитите.

loading...

Видовме како владееше ВМРО-ДПМНЕ. Гледаме како СДСМ уште во првите 100 дена ги руши илузиите за себе што си ги изгради пред изборите лани. Видовме и како владееше СДСМ на локално ниво! Македонија може да биде пристојно место за живеење! Може, но тоа зависи и од самите луѓе што ја населуваат!

loading...
loading...
Close
WpCoderX