loading...

Македонија гори владата си ги чешла, активни пожари уште на неколку места

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека денеска се регистрирани активни пожари во општините Чашка, Македонски Брод и Маврово Ростуше.

Во Општина Чашка пожарот е кај селото Богомила, месноста викана Бела Вода и Урбанци, село Дреново. Пожарот е на непристапен терен за гасење.

loading...

Кај Македонски Брод пожарот е околу селото Калуѓерец и месноста Сува Гора кај селото Волче, каде гори запалена сува трева и лисната постилка од борова шума. Во Општина Маврово-Ростуше има нов пожар на планината Бистра каде гори трева.

loading...
loading...
Close
WpCoderX