loading...

Милошоски: Победуваме со огромна разлика на локалните

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ е целосно спремна за настап на локалните избори каде што очекуваме со нашата програма и кадровска понуда да освоиме најголем број на гласови на локалните избори, најголем број на советници во споредба со другите политички партии и најголем број на градоначалници споредбено со другите политички коалиции, порача денеска Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНE.

„Очекуваме нашиот тим кој што е создаден од Извршниот комитет секојдневно и навремено да си ја исполни својата задача за подготовка на програмата за настап на изборите на државно ниво и подготовка на сите програми на локално ниво согласно општинските специфики кои што ги работиме заедно со потребите на граѓаните кои што ги среќаваме на терен и заедно со стручни лица од повеќе области кои што се важни за секоја локална самоуправа. Локалните избори на 15-ти октомври нема да бидат обични локални избори. Многу прашања не добија одговор  од актуелната власт на Заев, Ахмети и Села. Прашањето за двојазична Македонија не беше ветено пред изборите, а денес е товар на незадоволството и достоинството на македонските граѓани. За тоа прашање исто така граѓаните ќе можат да го дадат своето мислење на 15-ти октомври“, рече Милошоски.

loading...

Тој додаде дека „македонско – бугарскиот договор кој што е штетен, неспособноста да се излезе во пресрет на потребата на гасење на пожари и депонии, неспособноста да се исполни ветувањето за 100.000 денари лекарска плата, неспособноста и молчењето да се обезбедат 500 евра за просечна плата како големо изборно ветување и не давањето на одговори на прашањето зошто е направена стратегија Македонија да стане земја на бегалци и мигранти за кои што ќе се плаќа од нашиот буџет наместо да им се помага на нашите граѓани. Сите овие прашања и дилеми ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните и секој наш државјанин ќе можат да ги одговорат на 15-ти октомври и да го дадат своето мислење затоа што нивната оценка и нивниот глас е поважен од секое нереализирано ветување или од секоја пост изборна измама на господинот Заев“.

loading...
loading...
Close
WpCoderX