loading...

СДСМ пукна од внатре! Кадрите на ДПМНЕ се вдомиа на директорски места во владата на Заев? Голем револт кај членството и кавги по штабовите!

Ресенчанецот Сашо Василевски е назначен за директор на државната компанија МЕПСО,така одлучила владата на РМ на својата седница ?!Голем револт и незадоволство помеѓу членовите на СДСМ , кој бараат и оставки на раководтсвото во Ресен, наполно и со право разочарани со решенијата за кој воопшто никој ниту ги прашал.

Василевски  на ова место доаѓа од Советот на јавни обвинители, каде првпат е избран за член во 2011 година,од позицијата на Адвокат во Ресен а по предлог на ВМРО ДПМНЕ . Василевски бил долгогодишен член на СДСМ се до 2006 година, кога Тито Петковски ја формира НСДП и влегува во коалиција со ВМРО ДПМНЕ , по што станува и заменик министер за правда. Но, во 2009 Василевски  настапува како кандидат на истата партија НСДП во Ресен, по што  ги губи изборите, а во вториот круг Бузлевски губи од кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Михаил Волкановски,благодарение на  Василевски,кој преку ноќ практично му ги подари неговите гласови од првиот круг на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Михаил Волканоски,и му ја крадат изборната победа на СДСМ и Бузлевски за само 10 гласови.

loading...

Во биографијата на Сашо Василевски стои дека дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1992 година, а правосуден испит положил во 1996 година. Во 2000-та година го положил и нотарскиот испит, а од 1997 до 2006 година работел како адвокат со своја адвокатска канцеларија со седиште Ресен,веднаш во деловниот простор во зградата на Основниот суд во Ресен.

loading...
loading...
Close
WpCoderX