loading...

Владата го смени името на аеродромот?

Владата на денешницата седница донесе одлука да го преименува скопскиот аеродром „Александар Велики“, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од владини извори. Најверојатно новото име ќе биде Меѓународен аеродром Скопје (Skopje International Airport). Се менува и името на автопатот „Александар Велики“ во „Пријателство“.

Промената на името на аеродромот и автопатот беше најавено од премиерот Зоран Заев на 24 јануари по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас на Светскиот економски форум во Давос.

loading...
loading...
loading...
Close
WpCoderX