loading...

Лудила: Тврдокорни македонци од САД бараат Ердоган да го спречи приемот на Македонија во НАТО

Лига на Македонци од Америка (ЛОМА) му испрати писмо на турскиот амбасадор во САД, Сердар Килич, барајќи од Турција да стави вето за прием на Македонија во НАТО ако Грција продолжи да ја принудува да си го смени името.

„Искрено ги цениме поддршката од Турција за Македонија и неодамнешните изјави на претседателот Ердоган во одбрана на македонското име и идентитет. Ви благодариме за вашето пријателство. Посакуваме сегашното македонско раководство да ги брани македонското име и идентитет на ист начин како што вие ветивте да ја штитите Македонија, нејзиното име и нејзиниот идентитет.

loading...

Значи, потребна ни е вашата поддршка. Ако Македонија е присилиена да си го промени своето уставно име со цел да му се придружи на НАТО, тогаш бараме Турција да стави вето (или да вети дека ќе стави вето) на пристапувањето на Македонија во НАТО. Тоа би бил храбар чекор од страна на Турција и одлуката не би била лесна, но има неколку придобивки од ветувањето за вето за членството на Македонија во вакви околности:

  1. Тоа ќе го принуди македонското раководство да го преразгледа откажувањето од името и од идентитетот;
  2. Тоа ќе ги попречи напорите на Грција за искоренување на македонското име и идентитет од постоењето;
  3.  Тоа ќе покаже дека политиката на вето на НАТО е во спротивност со нејзината политика на отворени врати;
  4. Тоа ќе му покаже на светот дека ветото од Грција е ирационално, детинесто и опасно;
  5. Тоа може да го притисне НАТО за да ја принуди Грција да се откаже од ветото;
  6. Тоа ќе докаже дека политиката на вето на НАТО дозволува една нација да го прекрши правото на друга суверена нација за самоопределување.

Македонскиот народ и нација се наоѓаат во ќош. Со децении ние Македонците бевме присилувани од Грција само да преживееме. Македонија и нејзиниот народ пропуштија поголем економски и социјален напредок поради пречките од Грција. Ние Македонците сме омаловажувани, непочитувани и малтретирани.
На Македонија ѝ треба пријател.

loading...
loading...
Close
WpCoderX