loading...

СДСМ и ДПМНЕ преговараат граѓаните да ги плакаат нивните партиски активности и трошоците да им ги покрива државниот буџет

Претставници на двете најголеми партии од власта и опозицијата – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, водат преговори за надминување на неколку актуелни политички состојби и прашања, вклучително и утврдување на нов модел на финансирање на политичките партии.

Како што дознава Фокус од добро упатени партиски извори, кај двете партии постои расположение да се усвојат законски измени, со кои партиите нема да се финансираат главно од донации од физички и правни лица и од членарини како досега, туку од државниот буџет, од каде треба да се издвојуваат неколку милиони евра, согласно постигнатите изборни резултати.

loading...

Иако во прв момент тоа може да наиде на отпор кај јавноста и граѓаните, нашите извори се убедени дека овој модел ќе биде општоприфатлив за сите, бидејќи, според нив, ќе ја сузбие коруптивната врска меѓу бизнисот и политиката, односно компаниите и партиите, што понатаму отвора спирала на коруптивни односи кои се проценува дека му прават штета на буџетот од околу 4 милиони евра на годишно ниво.

loading...
loading...
Close
WpCoderX