loading...

Викторија Бекам ги разочара фановите: “Спајс Грлс” нема да се соберат за турнеја

Викторија Бекам ги разочара бројните фанови низ светот, откако ги негираше гласините дека групата „Спајс Грлс“ ќе се собере повторно за турнеја, пренесе ДПА.

„Јас не одам на турнеја. Девојките не одат на турнеја“, вели 43-годишната пејачка во интервју објавено во саботното издание на „Вог“. Претходно овој месец женскиот бенд најави дека планира повторно да работи заедно на „нови можности“ речиси две децении по распаѓањето.

loading...

На прашање на списанието за нејзините планови, Бекам вели: „Има нешто толку силно во пораката за тоа што да наметнат „Спајс Грлс“. Што е тоа во иднина? Како изгледа тоа? Ние едноставно нафрливме идеи. Спонтано“.

loading...
loading...
Close
WpCoderX