loading...

Македонија е најсиромашна држава на Балканот според новите податоци

52.210 долари е богатството на Македонија по глава на жител со што е меѓу последните на Балканот и во Европа. Ова го покажува најновиот извештај на Светската Банка „Променливото богатство на нациите“ кој предвид зема повеќе категории.До вредноста на вкупното богатство на државите се доаѓа со собирање на повеќе категории и распределба на збирот со бројот на жители. Така Македонија по глава на жител има производствен капитал во вредност од 18.969 долари, природен капитал од 11.416 долари и човечки капитал од 24.770 долари и негативен капитал во странство од -2.945 долари.

Производствениот капитал предвид ги зема урбаните површини, објектите, опремата и машините по тековни пазарни цени.

Природниот капитал ги вклучува земјоделските површини, шумите, заштитените подрачја, резервите на нафта и руда.

loading...

Човечкиот капитал го мери населението според статусот вработен / невработен и вредноста на вкупната заработка во текот на животот.

loading...
loading...
Close
WpCoderX