loading...

Ние ќе ви го стокмиме, а вие ќутете и не кажувајте ништо за да не го нарушите процесот на преговарања

Ние ќе ви го стокмиме, а вие ќутете и не кажувајте ништо за да не го нарушите процесот на преговарања. А за Референдум ќе видиме, сега рано е за тоа. Види богати!
Па и новинарите (повлијателните) биле викнати во Владата, предупредени со укажување да не пишуваат за тоа.
Невидено, срам за демократијата на една земја која има претензии да влезе во НАТО и ЕУ.
Кој ви го даде тоа право!? Жестоко ги критикувавме претходните токму на оваа тема, а вие бевте тогаш најгласни. А сега!?
Да, јас сакам мојата земја да влезе во НАТО и ЕУ, ама сакам тоа да се случи единствено транспарентно, и тоа да го направиме исправени и со грената глава, а не ‘гз преку глава.
Само така и никако поинаку.

Томе Милошевски

loading...
loading...
loading...
Close
WpCoderX