loading...

ХРВАТСКА ПОЛИТИЧАРКА ПОДОСТОЈНО ГО ЗАСТАПУВА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД ДОМАШНИТЕ ПОЛИТИЧАРИ

 

– „јасно може да се види дека Грците не сакаат договор, туку сакаат на една современа и демократска држава да ѝ го одземат нејзиниот идентитет“, плашејќи се дека „ако продолжат притисоците врз Македонија, ќе дојде до дестабилизација на целиот регион“.
– „Прашање е дали народот воопшто сака референдум, бидејќи мораме да знаеме дека народот е огорчен. Народот е разочаран и во сопствените политичари, и во Европа, која не му помогна, туку стои покрај Грција. Народот не верува никому и се плаши од веродостојноста на самиот референдум, па поради тоа е оправдан стравот дека голем број граѓани нема да излезат на референдум токму од разочараноста од системот и од третманот што го добивале досега, но и недовербата во вистинско решение на овој речиси тридецениски спор. А дури тогаш ќе имаме проблем – ако малцинството реши за нешто толку важно“.
– Таа посочува на радикални политички партии и идеологии во Грција, „која досега не се држеше до никаков договор, па оттаму не можам а да не прашам што би сакала Грција понатаму кога евентуално би се променило името, бидејќи не верувам дека на Грција тоа би ѝ било доволно“.

loading...

Превземено од Macedonian Orthodox Community

loading...
loading...
Close
WpCoderX