loading...

Заев со подршка за Ердоган? Го осудуваме обидот за државен удар во Турција во 2016

Премиерите на Република Македонија и Република Турција, Зоран Заев и Бинали Јилдирим одржаа заедничка прес конференција на којашто ги потврдија јавно заложбите за унапредување на економската соработка меѓу двете држави и зголемување на трговската размена на една милијарда евра.

-Ја искористивме приликата да побараме, Владата на Република Турција да размисли за овозможување квоти за Република Македонија, за извоз на телешко и јагнешко месо, како што е тоа овозможено за БиХ и Република Србија, соопшти на прес конференцијата премиерот Заев.

loading...

На почетокот на прес конференцијата премиерот Заев се заблагодари на поканата на премиерот Јилдирим за официјалната посета и оцени дека тоа е можност двете земји да го потврдат пријателството и да ја зајакнат соработката.

-Сакам да порачам дека со голема загриженост ги следевме трагичните настани на 15 јули 2016 година. Го осудивме обидот за државен удар и ги поддржуваме демократските избрани институции на Република Турција, рече премиерот Заев.

Во продолжение претседателот на Владата, Заев соопшти:

-Јас и премиерот Јилдирим и двете владини делегации, денеска разговаравме за интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Турција.

loading...
loading...
Close
WpCoderX