loading...

Заев се сретна со Ердоган

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот без ресор, Аднан Ќахил попладнево се сретна со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, придружуван од вице премиерот, Хакан Чавушоглу.

loading...

На средбата е констатирано дека  двете пријателски земји имаат потенцијал за унапредување на економската соработка преку зголемување на турските инвестиции, како и преку нови иницијативи од страна на Македонија.

Конкретно, претседателот на Турција, Ердоган, ја поддржа иницијативата од премиерот Заев за зголемување на квотите за извоз на телешко и јагнешко месо во Турција, а најави и дека овој став ќе го пренесе на Владата на Република Турција. Тој изрази поддршка и охрабрување на турските бизнисмени за инвестирање во Македонија.

loading...
loading...
Close
WpCoderX