loading...

Не знам дали има основа за кривично гонење на скотовите што се ситат над смртта на Калина и Александар

Не знам дали има основа за кривично гонење на скотовите што се ситат над смртта на Калина и Александар, но тоа што може да се стори во експресна постапка е да се открие идентитетот на мороните, да видиме кои се тие нелуѓе, како се викаат, имаат ли родители или деца, сопруги или љубовници, работат ли некаде… Можеби имаат свои фирми, кафулиња и ресторани, тениски терени, можеби се учители, новинари, пратеници, членови на некоја партија, дајте да ги видиме, да го откриеме амбиентот, средината во која живеат, интеракциите кои придонеле да се произведат како тешки психопати, можеби ќе посакам да ги плукнам на улица или бокс да им удрам, па што биде нека биде, да не им се качувам во автобусот или да им ја дупнам гуматата на мерцедесот, не знам кој би можел да ги лоцира и идентифицира и екстрадира пред лицето на јавноста, можеби поупатените пријатели од Фејсбук, со помош на некои служби, што јас знам, полицијата прва ми паѓа на ум, или на самиот Цукерберг, но, дајте да го видме злото, можеби се тоа типови со кои секој ден се среќаваме, се поздравуваме, добар ден комши, колку ти е слатко кутрето, како децата, се вратија ли од скијање, скотови скотски!

Бранко Тричковски фб статус

loading...
loading...
loading...
Close
WpCoderX